Словенија: Нови сознанија за двајцата осомничени за шпионажа во полза на Русија

Окружното обвинителство во Љубљана потврдило за словенечките медиуми дека им бил одреден притвор на двајца странски државјани кои биле приведен уште на 5-ти декември од страна на Словенечката агенција за разузнавање и безбедност (Sova) поради сомневање дека шпионирале за Русија.

Како што пренесува словенечката новинска агенција STA, Обвинителството дека врз извештајот на разузнавачките служби уште на почетокот од декември била отворена истражна постапка во чии рамки биле затворени двете лица поради кривично дело шпионажа.

По налог на судот против нив се води истрага поради сомневање за кривично дело шпионирање за странска разузнавачка служба и кривично дело заверување невистината содржина, навело во одговорот Обвинителството. На притворените двајца за тие дела им се заканува затворска казна до осум години.

Имајќи предвид дека предметот е означен со степен на доверливост врз основа на законот со кој се одредуваат тајните податоци, засега не се достапни повеќе информации за случајот, се додава во информацијата на STA.

Според медиумските извештаи, двете приведени лица имале државјанства на и пасоши на трети земји и не се претставувале како руски државјани. Како што објави водечкиот љубљански дневен весник Delo, барем еден од нив имал аргентинско државјанство.

Според неофицијалните информации, откриената шпионска ќелија наводно не дејствувал само во Словенија, туку и во странство, што вклучува и соработка со странски разузнавачки служби.

Медиумите пишуваат дека наводните двајца руски агенти имале изнајмена канцеларија во деловна зграда во љубљанската населба Бежиград за компании кои биле регистрирани летото 2017 година, а коишто им служеле како параван за дејствувањето во Словенија, и наводно формално се занимавала со тргување со недвижнини и антиквитети.

Бриселскиот портал на Европската унија, Euroaktiv во понеделникот, исто така, ја пренесува веста за апсењето на двајцата осомничени за шпионажа во полза на Русија, наведувајќи дека последните години европските земји сѐ повеќе внимание ѝ посветуваат на можната руска шпионажа меѓу своите вооружени сили, разузнавачки агенции и други државни институции.

Притоа се потсетува на неодамнешните случаи на процеси за руска шпионажа во австриската и германската армија, како и во разузнавачките агенции на Германија и на Шведска.