Словенија одреди карантин за над 600 ученици по излет во Грција

Словенечките здравствени власти во понеделникот повторно предупредија на ризикот од патувања во епидемиолошки „црвени“ дестинации во Европак, откако нови зарази со коронавирусот се откриени во група повеќе од 600 млади лица и нивните придружници кои престојувале на излет во Грција.

Станува збор за матуранти кои кон средината на август престојувале во неколку грчки туристички дестинации, а најмногу престојувале на состровот Крф. Меѓу нив веќе се потврдени 42 позитивни на коронавирусот, а десетдневен карантин е одредени за побвеќе од 600 лица, меѓу кои се и контакти кои ги имале во Словенија, изајви за медиумите во понеделникот Милан Крек, директор на Националниот институт за јавно здравје (NIJZ).

„Од сите организатори на ваквите излети очекуваме да се опаметат и конечно да сфатат дека државите на црвената листа се опасни“, изјави Крек додавајќи дека од туристичките агенции очекуваат со ваквите патувања не ја загрозуваат епидемиолошката ситуација во Словенија.

Во последните 24 часа во Словенија со 754 PCR тестирања се потврдени 116 нови коронаинфекции, а од последиците на копликациите предизвикани од Covid-19 починале еден пациент.

Расте и бројот на хоспитализираните кој сега изнесува 75, од кои 18 пациенти се на одделите за интензивна нега, а 14-дневната инциденца на заразата на 100.000 жители се зголемила на 166.

Со ваквиот развој на ситуацијата Словенија наскоро ќе се најде во црвената епидемиолошка листа според критериумите на Европскиот центар за контрола на болестите, предвидуваат во понеделникот словенечките медиуми.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.