Словенија прогласи крај на епидемијата, но не и на мерките

Состојбата со епидемија во Словенија од Covid-19, што беше прогласена на 18-ти октомври минатата 2020 година, по вториот бран, веќе нема да се продолжува, изјави во вторникот Франц Виндишар, државен секретар во словенечкото министерство за здравство.

Бидејќи Словенија сѐ уште не е во безбедната „зелена“ зона, според критериумите на Европскиот центар за контрола на болести (ECDC), на сила останува мерката носење на заштитните маски во затворен простор, задолжителната дезинфекција на рацете, одржувањето физичка дистанца, како и некои други мерки, а присуството на некои групни настани е можно само за вакцинираните, оние кои прележале Covid-19 или лицата кои ќе обезбедат нов негативен PCR тест.

Според последните податоци, во словенечките болници има 122 пациенти, што е најмала бројка од 7-ми октомври, а владиниот стручен тим ќе продолжи еднаш неделно да ја разгледува епидемиолошката состојба и во зависност од ситуацијата, ќе предлага препораки поврзани до Covid-19.

„Ги замолувам сите да продолжат да ги следат препораките. Сите мерки остануваат во сила се додека владата не ги укине или не го продолжи нивното траење“, рече Виндишар.

Ги повика сите граѓани да се вакцинираат, што е најдобар начин да се постигне посакуваната масовна заштита од болеста, додавајќи дека сега има доволно вакцина во земјата.

„Зад на е тешка една ипол година. Епидемијата нѐ стави пред многу искушенија. Ќе ги надминеме со соработка и солидарност, но сѐ уште не сме ја минале целта”, кажа Виндишар.