Словенија: Пронајдени 73 мигранти и вратени во Хрватска

19

Словенечката полиција пронајде во близина на Подлевник, на североисток во државата, 73 мигранти кои пребегале од Хрватска.

Во групата се  62 Пакистанци, четворица од Бангладеши, тројца Авганистанци, тројца Сомалијци и еден Индус. Сите, освен 12 малолетни лица и двајца повредени возрасни, се вратени во Хрватска.

Полицијата исто така уапси тројца возачи во текот на ноќта, двајца Срби и еден од Казахстан, кои шверцувале шест мигранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.