Словенија со 11.680 новозаразени и 24 починати од Covid-19

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 11.680 новозаразени со коронавирусот, речиси иста бројка како и ден претходно, а починале 25 пациенти како последици предизвикани од компликациите на коронавирусната болест Covid-19, што е најголема бројка во последните неколку месеци, додека епидемиолозите предупредуваат дека ситуацијата и натаму е сериозна иако стивнува петтиот епидемиски бран.

„Бројот на заразите меѓу постарата популација е во пораст, затоа со фазата на заостанување очекуваме зголемување на хоспитализацијите“, изјави на прес-конференцијата во саботата епидемилогот Нушка Чакш Јегер од словенечкиот Институт за јавно здравје.

Додаде дека во целата Европска унија поради доминантната омикрон варијанта на коронавирусот преносот на заразите е исклучително висок, што ги оптоварува здравствените системи и ја намалува функционалноста на целото општество.

„Во Словенија сѐ уиште не сме на ‘зелената гранка’, иако кај омикрон се регистрираат помалку тешки форми на болеста, но кај нас во Словенија 14-дневната инциденца на заразените значително е над просекот во ЕУ“, изјави Чакш Јагер која во Институтот го води секторот за заразни болести, и таквата состојба ја припиша на потпросечнатга вкацинираност на популацијата.

Институтот проценува дека во Словенија во моментов има активно заразени 197.304 лица, што е за 2.335 случаи повеќе од ден претходно, а 14-дневната инциденца е зголемена за 110 заразени и моментално изнесува 9.361.

Бројката ковид-пациенти хоспитализирани од вечаршните 779 е намален на 746, додека 133 добиваат помош на одделите за интензивна нега, според последните податоци од словенчките болници. Со починатите во последното деноноќие, пак, бројот на починатите од Covid-19 се зголемува на 5.959 луѓе.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.