Словенија со 24 болни од Ковид-19, десет повеќе од вчера

22

Во Словенија во последните 24 часа потврдени се 24 нови случаи на заразени од коронавирус, што е за 10 повече од вчера, потврди словенечката влада.

Бројот на вкупно потврдени случаи на инфекции од почетокот на епидемијата се зголеми на 2139, додека активни случаи има 242.

Моментално поради ковид -19 на лекување во болниците се 22 лица. Од нив пет на интензивна неда, а меѓу нив тројца се на респиратор. Бројот на починати од епидемијата не се смени и изнесува 117, објави денеска министерството за здравство.

Нови случаи на зараза во последните 24 часа се забележани во 16 општини, а најмногу ги имаше во Рогашка Слатина (5), каде во детска градинка се заразени една воспитувачка и едно дете, и во Љубљана (4).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.