Словенија со нови корона-рекорди, од утре нови мерки но без 24-часовен полициски час

Во последните 24 часа во Словенија се регистрирани досега рекордни 2.605 зарази со коронавирусот, па за можните нови мерки за справување со епидемијата владата ќе дискутира во четвртокот попладнето, но во средата портпаролот на владата негираше дека се предлага 24-часовен полициски час, откако на социјалните мрежи се прошири информација дека оваа мерка ќе биде воведена од сабота.

Портпаролот на словенечката влада за кризата со коронавирусот, Јелко Кацин, на прес-конференција во средата покрај тоа што ги демантираше шпекулациите за воведување полициски час, како позитивен податок, исто како и националниот Институт за јавно здравје (NIJZ), го гледа тоа што бројот на новозаразените во еден ден не е двојно зголемен.

ВоСловенија во изминатото деноноќие, според официјалните податоци кои ги соопшти Кацин, со 7.471 тестови потврдени се 2.605 зарази, што е далеку најголем број зарази на дневно ниво коие се потврдени досега. Во болницете починале уште седум пациенти, додека бројот на починатите од Covid-19 во домовите за стари лица сѐ уште не е потврден, со што бројот починати вкупоно се искачи на 272 лица.

Според последните податоци на министерството за здравство, во словенечките болници моментално има 612 пациенти со коронавирус, од кои 99 се на одделите за интензвино лекување.

Репродукциската бројка на ширење на вирусот е намалена од вчерашните 2,17 на 2,09, а бројот на деновите во кои доаѓа до удвоена бројка на потврдените дневни случаи на заразата е зголемен од 6,3 на 6,6, што сугерира на тоа дека мерките за затворање во рамките на статистичките региони, кои владата ги донесе пред 12 дена, сепак почнуваат да даваат резултати.

Според овие пресметики „позитивниот тренд на пад на репродукциската бројка ќе продолжи“, доколку денешните тестирања од кои резултатите се очекуваат во четврток, покажат дека новиот број дневни зарази бил „помал од 3.580“, соопштија од NIJZ.

Зборувајќи на прес-конференцијата, Кацин во средата рече дека сѐ уште не може да коментира дали драматичното ширење на вирусот последните денови со новите податоци го достигнал пикот или тоа ќе се сличи следните денови, а сите ги повика на одговорно однесува во борбата против коронавирусот.