Словенија со речиси 1.600 новозаразени и над 40 починати од коронавирусот, мерките уште не даваат резултати

Во Словенија во последните 24 часа со 6.938 спроведени тестирања потврдени е 1.591 нов случај на зараза со коронавирусот, а од компликации предизвикани од заболувањето Covid-19 починале уште 43 пациенти, соопшти во саботата словенечката влада, додавајќи дека овие показатели сѐ уште не овозможуваат укинување на некои од епидемиолошките мерки воведени уште на 26-ти откомври.

Со заразите потврдени во последното деноноќие, вкупниот број коронаинфекции од почетокот на епидемијата во Словенија се зголеми на повеќе од 74.000, од кои во моментов активни се речиси 22.000 случаи. Во истиот период потврдени се бројот на смртните исходи од Covid-19 во земјата, на 1.336 починати.

Од друга страна, бројот на дневните хоспитализирања поради заразата со SARS-CoV-2 е во мал пад, па во моментов во словенечките болници на „ковид-одделите“ се згрижени 1.258 пациенти, односно 66 помалку отколку во петокот, а на одделите за интензивна нега се сместени 194 пациенти со потешка форма на болеста, според министерството за здравство.

Бројот на новозаразените во последните 24 часа е незначително помал отколку ден претходно кога беа забележани 1.609 зарази. Меѓутоа, уделот на позитивните тестови изнесува 22,82 отсто, што преттавува подобрување од петокот кога овој показател изнесуваше 24.43 отсто. А, пак, пред седум дена уделот на позитивните во вкупниот број тестови изнесуваше 25,66 отсто, што според словенечките здравствени власти дава малку надежи дека може да дојде до тренд на смирување на вториот бран на епидемијата.

И покрај тоа, словенечката влада поради високиот број нови зарази и оптовареноста на болничката инфраструктура од ковид-пациентите, најострите епидемиолошки мерки ги продолжи за уште најмалку една седмици. Притоа наведе дека состојбата е далеку од посакуваната и дека не се случило поголемо намалување на бројите на новите зарази, ниту на дневниот прилив во болниците кои се на работ на своите капацитети, а некои од нив четвртина од капацитетите ги наменуваат за ковид-пациентите.

Истражувањето коешто деновиве го спровел Националниот завод за јавно здравје (NIJZ), покажало дека четвртина од заразените кои учествувале во анкетата како место коешто најверојатно се инфицирале го навеле работното место, четвртина „не знаат“ каде го добиле вирусот, додека другите се заразиле во домовите за стари лица или во крогот на потесното или пошироко семејство, а помалку од три отсто навеле дека извор на заразата кај нив било масовно собирање.

Словенечката полиција од овој викенд прави заострени контроли за почитување на мерката којашто забранува напуштање на општините во кои е пријавен постојан престој, освен поради работа или вонредни случаи. Полицијата потврди дека прекршочно казнила 86 граѓани кои во петокот вечерта со десетици автомобили кружеле околу центарот на Љубљана, протест организиран од активистите кои се противат на рестриктивните мерки и бараат оставка од владата. Пријавите се поднесени поради кршење на законот за заштита од заразни билети, и нарушување на јавниот ред и мир.