Словенија со речиси две милијарди евра буџетски дефицит

Словенија во првото полугодие достигна рекорден буџетски дефицит од 1,96 милијарди евра, што е последица од падот на приходите и зголемените расходи предизвикани од пандемијата на коронавирусот, објави во петокот словенечкото министерство за финансии.

Ефектите од коронакризата силно се одразиле врз приходите во првите шест месеци изнесувале 4,3 милијарди евра и биле 15,5 отсто помали отколку во истиот период од минатата 2019 година кога државниот буџет беше во суфицит од 220 милиони евра.

За разлика од приходите, расходите во првото полугодие порснале за 27,7 отсто во однос на минатата година и изнесувале 6,2 милијарди евра. На расходната страна најмногу пораснале за трошоците за плати, стоки и услуги, додека најголемиот пад на страната на приходите го прават помалите приходи од даноците поради рестрикциите во стопанските активности во текот на првата фаза од епидемијата.

Министерството за следните месеци очекува уште поизразени ефекти од епидемијата врз падот на приходите и раст на расходите на државниот буџет, поради намалените стопански активности и владините емрки за поддшка на економијата. Се очекува дека владата есенва на парламентот ќе му предложи ребаланс на државниот буџет, кој првично предвидуваше суфицит од 656 милиони евра.