Словенија забележа најмногу новозаразени од почетокот на епидемијата

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени рекордни 3.450 нови зарази со коронавирусот, објави во средата претпладнето Словенечката телевизија, а рекордниот број на случаи на Covid-19 и растот на сите показатели го потврди и Инстутот за јавно здравје.

Најмногу потврдени зарази во еден ден од почетокот на епидемијата досега беа забележани на 5-ти јануари годинава, кога беа потврдени 3.428 нови коронаинфекции.

И покрај големиот број новозразени и хоспитализирани, словенечката влада засега нема да се реши за „целосно затворање“ во траењето од десет дена, што како едно од решенијата за ограничување на епидемијата го предлагаа епидемиолозите, пренесуваат во средата словенечките медиуми.

Конечната одлука за тоа владата ќе ја донесе на седницата во четврток, но наместо „локдаун“ поверојатно е дека ќе се решава за други помалку ригорозни мерки, како построга контрола на ковид-пропусниците, скусување на работата на угостителските локали, работата од дома за јавниот сектор, ограничувањето на собирањата и слични рестрикции, објави Словенечката телевизија.

Директорот на Институтот за јавно здравје (NIJZ), Милан Крек, изјави во вторникот дека епидемиолошката ситуација во земјата е тешка, како и дека според прогнозата врвоте на сегашниот бран се очекува кон средината на ноември, по што, доколку не дојде до некое ново жариште, би можело да почена спуштањето на бројките на новозаразените.

Според најновите податоци на NIJZ, со 7.722 тестирарања потврдени се 3.450 зарази, односно 44,7 отсто позитивни меѓу тестираните. Сите еподемиолошки показатели се во пораст, па седумдневниот просек на дневните зарази сега е 2.234, а 14-дневната инциденца изнесува 1.393 зарази на 100.000 жители. Во болниците моментално има 670 пациенти со Covid-19, од кои 159 се на одделите за интензивна нега, додека бројот на вакцинираните против коронавирусот бавно расте и сега е на ниво од 53,1 отсто од целата популација, според податоците на министерството за здравство.