Словенија испраќа војска на границата со Италија

Словенија утре ќе испрати дополнителни 35 војници на границата со Италија за заштита од илегалната миграција, објавија денеска словенечките медиуми.

На подрачјето на Копра, каде во изминатите недели е забележан голем илегален прилив на мигранти, а на барање на полицијата, в понеделник ќе се упатат дополнителни 35 припадници на војската во испомош на полицијата, пренесе „Хина“.

Засилениот ангажман на Словенија во спречувањето на илегалната миграција на границата со Италија, почна на почетокот од месецов, кога беше воведена заедничка единица на словенечката и италијанската полиција.