Словенија jа оспорува тужбата од ЕК

Словенечката министерка за правосудство Андреја Катич најави во понеделникот дека Словненија ќе ја оспорува тужбата којашто против нејзината земја минатата седмица ја најави Европскага комисија, а се однесува на заплената на документацијата на Европската централна банка (ECB) во текот на криминалистичка истрава во Словенија.

Европската комисија најави во четвртокот дека пред судот Европската унија во Луксембург ќе покрене постпака против Словенија поради неовластено запленување на документи на Европската централна банка (ECB), при криминалистичка истрага којашто словенечката полиција ја спровела во зградата на словенечката централна банка на 6-ти јули 2016 година, кога истражувала неправилности во постапката на санацијата на словенчките државни банки во времето на банкарската криза поради лошите кредитни пласмани.

Во Брисел наведуваат дека словенечката полиција тогаш неовластено запленила и компјутерска опрема на ECB која не била поврзана со истрагата, и така со „едностран потег“ без одобрување од ЕУ дошла во посед на заштитените архивски материјали на централната банка на Унијата кои во словенечката централна банка се наоѓале како дел од евросистемот.

Словенечката министерка, коментирајќи ја најавата за тужба со којашто Словенија се товари дека ги кршеле правилата и правното наследство на ЕУ, во понеделникот рече дека ЕК поимот архиви го толкува прешироко, дека за архивски материјал се смета целата документација во националните централни банки, вклучително и подготовката на материјалите за состаноците на ECB во седиштето во Франкфурт.

„Толку широка интерпретација, според којашто тие материјали се заштитени како тајни, во практиката би отежнала секаква истрага за кривични дела во словенечката централна бнака, но и во другите словенечки органи кои комуницираат со европските тела“, рече министерката Катич, додавајќи дека за нејзината влада ваквото сфаќање е неприфатливо.

Словенечкото министерство за правосудство наведе во изјава за јавноста дека прифаќањето на толку широка дефиниција на европските архиви во практиката би значело дека за националните истражни органи однапред во таквите активности е потребно да се добие согласноста од ЕК, со што би се исклучил на елементот изненадување во националните истраги, што не може да биде прифатени.

Европската комисија на најавата за тужба се одлучила, како што самата наведе, откако на Словенија претходно во врска со случајот ѝ дала две опомени, но со словенечката влада не успеала да дојде до компромис и враќање на заштитените документи.

Словенечката полиција во 2016 година покрена истрага поради сомневањата дека водечките лица во тамошната централна банка во 2013 година учествувале во „фризирање“ на документацијата за билансите на државните банки пред тиа поради лошите кредити да бидат докапитализирани со буџетски средства и така се санирани по големата банкарска криза, наводно во соработка со пониски службеници на европските институции, за што се продолжува преткривичната постапка.

Во Љубљана, во министерството за правосудство, наведвуваат дека санацијата на словенечките банки ги чинело даночните обврзници повеќе милијарди евра, до што дошло со одлика на една од поранешните влади којашто ја водеше премиерката Аленка Братушек, како и дека сега е неопходно да се утврди дали притоа имало „неправилности и кривични дела“, како и обиди со таа операција да се „социјализираат загубите банки во полза на интересите на приватниот капитал“.