Словенија ја презеде поранешната југословенска резиденција во Рим

Резиденцијата требаше да и’ ја предаде Србија на 31-ви август 2011-та година, но било задоцнето поради неподготвеноста да се предаде околното земјиште.

Спорот е надминат откако министрите за надворешни работи на Словенија и Србија, Карл Ерјавец и Иван Мркиќ, потпишале писмо за намера за решавање на ова прашање на заедничка седница на двете влади на втори октомври во Белград.

Резиденцијата на презела специјална комисија со која претседава генералниот секретар на министерството за надворешни работи, Томаж Кунстељ, која заедно со комисијата од Србија ја одредила конечната граница меѓу земјиштетот на резиденцијата и уште една зграда која останала во сопственост на Србија, со што е решено важно прашање за сукцесија на двете земји.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.