Словенија не добила понуда од Србија за заеднички амбасади

Словенија не добила официјална понуда од Србија за создавање на заеднички амбасади на земјите од регионот, пишува денеска српскиот весник „Блиц“.

Реакцијата од словенечките власти следуваше по изјавата на српскиот министер за надворешни работи Иван Мркиќ, дека ваквата иницијатива ќе придонесе за намалување на трошоците.

Мркиќ посочил дека Србија упатила ваков предлог кон сите земји од регионот. Амбасадорот на Словенија во Белград, Франци Бут прецизирал дека не станува збор за заеднички дипломатски мисии туку за згради, во кој ќе има одделни амбасади.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.