Словенија: Претреси и апсења поради дрога и допинг средства

Повеќе од 200 словенечки полицајци учествувале во обемната акција против припадници на група за организиран криминал, во текот на која што се извршени околу 60 претреси на домови и се уапсени 19 лица осомничени за производство и промет со дрога и недозволени средства за спортски допинг.

Бидејќи станува збор за опасни лица кои и претходно биле поврзани со криминал, во апсењето учествувале и припадници на специјалната полиција.

Истрагата и апсењата се изведени на подрачјето на полициските управи на Љубљана, Марибор, Копар, Нова Горица и Ново Место, а полициското следење на криминалната група започна пред повеќе од една година.

Во исто време, полициската управа на Крањ денеска спровела 40-тина претресиу и уапси 40 лица кои се товарат за производство и промет на дрога и оружје, за што им се заканува затворска казна од десет години.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.