Словенија: Протест за поддршка на Палестинците

Во знак на поддршка на Палестинците во Газа, вчера во Љубљана е одржан протест пред претставништвото на Европската комисија во Словенија.

Учесниците на протестот изразиле несогласување со политиката на Европската унија, бидејќи таа од една страна, го осудува израелското кршење на меѓународното право, а од друга страна, со Израел гаи тесни стопански односи.

Барано е , покрај другото, да се осуди убивањето на палестинските цивили, итен прекин на огнот и укинување на блокадите на палестинските територии и изградба на изралески населби во нив.

Учесниците упатиле петиција и на актуелното државно раководство на Словенија од кое се бара осудување на убивањето на цивили и повик до израелската влада да го прекина нападот на Газа.

0,,16516759_303,00

 

Протест го организирале Движењето за права на Палестинците и Заводот Нур.