Словенката Јулија си ја отсекла својата и раката на момчето поради осигурување

Словенката Јулија Адлешиќ е осудена на две години затвор поради обид за измама на осигурителни компании, а нејзиниот партнер Себастиен Абрамов на три години. И тука не завршува приказната – осуден е и неговиот татко Горазд Цолариќ кој добил една година условно, а мајка му Тинка Хускиќ Цолариќ е ослободена, пишува „сиол.нет“.

Јулија Адлешиќ во јануари 2019 година си ја отсекла дланката од левата рака и притоа тврдела дека се работи за несреќен случај. Имено, како што изјавила Јулија се се случилоо кога сечела гранки со електрична пила. За разлика од неа  Обвинителството смета дека таа тоа го сторила намерно за да добие надоместок од осигурувањето. Исто така, обвинителството тврди дека нејзиното момче пребарувало на интернет пред несреќата за вештачка, биомеханичка рака, што одговара на тезата дека сè било испланирано. На тоа ја наговорил Абрамов, а во измамата, според Обвинителството, биле вклучени и неговите родители.

„Мојата младост е упропастена. Изгубив рака на 20 години, а само јас знам како“, рекла Јулија, пренесува словенечкиот портал 24ур.

Според обвинителот, требало да земе најмалку 1, 22 милиони евра отштета во случај на инвалидност. Тој пред судот истакнал и оти обвинението го потврдиле и мислењата на медицинските и машинските вештаци оти Адлешиќ се повредила намерно.