Словенките славеа против Данска

Уште на првите два меча од Европското првенство за ракометарки, кое почна денеска, се случи изненадување. Еден од кодомаќините, Словенија, се израдува на голема победа, против еден од кандидатите за медал, репрезентацијата на Данска.

Словенките победија со 28-26 покажувајќи дека нема мали и големи во модерниот женски ракомет. Натпреварот беше изедначен и тесен од почетокот до крајот. Домаќинките за кратко уживаа водство во првиот дел, а на паузата Данска го зеде водството со 15-14. Во вториот дел беше еднакво возбудливо, но од 47. минута Словенија повлече серија од 3-0, со која поведе со 24-22 и не го пропушти водството до крајот. Ана Грос постигна осум гола, поранешната вардарка, Тамара Мавсар броеше до седум, а Естегард имаше седум од седум кај Данска.

Во вториот меч од терминот во 18 часот, во групата А во Љубљана, Швајцарија не успеа да направи сензација против Унгарија, иако водеше со 15-13 на паузата и држеше егал до 50. минута (24-25). На крај Унгарките победија со 33-28, предводени од Катрин Грета Клујбер со девет гола.

ЕП 2022 се одржува во Целје, Љубљана, Подгорица и во Скопје. Натпреварите во нашата група Ц, почнуваат утре во „Борис Трајковски“ со Македонија – Франција.

ГРУПА А (ЉУБЉАНА)

УНГАРИЈА – ШВАЈЦАРИЈА      33-28

НОРВЕШКА – ХРВАТСКА       20.30 Ч.

ГРУПА Б (ЦЕЛЈЕ)

ДАНСКА – СЛОВЕНИЈА          26-28

ШВЕДСКА – СРБИЈА               20.30 Ч.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.