Македонија

Случај „Тенк“; Кривичен му дозволи на СЈО да предложи нови докази

Случај „Тенк“; Кривичен му дозволи на СЈО да предложи нови докази

Кривичниот суд му дозволи на Специјалното обвинителство да предложи нови докази во случајот Тенк. Иако одбраната се противеше судијката го одобри предлогот.

Освен СЈО, докази презентирааа и адвокатите на обвинетите за набавката на лускузниот мерцедес од 600 илјади евра.

Во овој случај обвинети се екс помошникот министер за јавни набавки во МВР, Ѓоко Поповски и поранешниот премиер, Никола Груевски. Постапката поради ризична бременост беше одвоена за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска.