Случајно најдена слика во Италија е оригинално дело на Климт

Уметничка слика украдена пред дваесетина години и пронајдена случајно пред пет години во Пјаченца, во северозападна Италија, навистина е оригиналното дело „Портрет на дама“ на спавниот Густав Климт, потврди во петокот началникот на локалната полиција Филипо Сорди.

„Со голема возбуда можам да ви кажам дека принајдената слика е автентична“, изјави на зањедничката прес-конференција Орнела Чика, која работела на истрагата и потврдата за автентичност.

Сликата „Портрет на дама“, која се сметаше за украдена од галеријата „Ричи Одди“ во февруари 1997 година, кога музејот беше затворен, беше пронајдена на 10-ти декември 2019 година, од градинарите кои го чистеле од бршлен надворешниот ѕид на музејот. Сликата, без рамки, била во ниша зад еден вентилациски отвор ставена во црна кеса за ѓубре, која била сокриена во густата вегетација. Сомневањата кај историчарите на уметноста за автентичноста на делото биле предизвикани од фактот што сликата останала во одлична состојба, иако се верува дека била оставена од крадците пред 22 години.

Директорот на музејот, Масимо Ферари, уште првите денови по откривањето на сликата за медиумите навести дека „има позитивни сигнали“, кога станува збор за автентичноста на делото. На првата проверка на автентичноста, „повеќе од што и да е друго ја гледавме задната страна на сликата, бидејќи таму се појави восочен печат со маркичка на музејот“, појасни во декември Ферари истакнувајќи дека задниот дел од сликата е многу потешко да се реконструира, отколку предниот дел, па дури и за фалсификаторите.

„Истражувањата траеја еден месец откако сликата беше пронајдена, експертите кои ги назначи обвинителството ја потврдија автентичноста на делото“, рече во петокот полицискиот налчалник на Пјаченца, Филипо Сорди.

Додаде дека претстои нова експертиза на платното за наоѓање отпечатоци од прсти и други докази кои може да ја расветлат мистериозната кражба на делото. Според најмногу споменуваните верзии, крадците ја оставиле сликата на скришно место веднаш по злосторството, но не можеле да се вратат по неа.

„Дотогаш сликата ќе биде чувана во сеф на италијанската централна банка, и останува на располагање на правосудните органи“, додал Сорди.

И покрај тоа што е потврдена автентичноста на делото, истрагата сѐ уште не одговорила на второто прашање од оваа детективска приказна, односно дали сликата цело време била на местото каде што е пронајдена или, пак, била таму ставена непосредно пред да биде откриена.

Според Фарари, оние траги кои можеле да се видат на површината на сликата биле многу споредливи со другите слики на музејот. Сепак, и покрај открититието, тој не го крие своето разочарување што времето кога портретот на Климт ќе биде вратен во Пјаченца сѐ уште не се знае. Вели дека една помала галерија веќе планирала за оваа година низа настани во кои е вклучено и ова дело.

Сликата „Портрет на дама“ со димензии 55 на 65 сантиметри, насликана од Густав Климт, беше еден од најбараните дела на светската уметност.

Малото дело во зелени тонови ги полнеше насловните страници на светските медиуми една година пред да биде украдена. Во 1996 година тогаш 18-годишната студентка на историја на уметноста Клаудија Мага листајќи го каталогот со делата на Климт во галеријата, забележа и помогна да се открие дека под главниот портрет има сокриен друг портрет, кој никој не го видел по 1912 година. Како што покажа подоцна истражувањето со рентген зраци во локалната болница и натамошните експертизи, Климт ја преработил претходната слика на којашто наводно била прикажана неговата покојна муза Марија Мунк. Новата верзија на сликата, направена меѓу 1916 и 1918 година, потоа набрзо станала дел од богатата збирка на италијанскиот колекционер Ричи Одди.

Сликата не била планирана да биде изложена за јавноста по споменатото откритие. Во февраури 1997 година, непосредно пред откривањето на изложбата посветена на Климт, сликата беше украдена. Во услови на организацита на изложбата и започнатите поправки во музејот, исчезнувањето на платното е забележано неколку дена подоцна. Главната верзија на кражбата се темели на рамката пронајдена на покривот, што даде повод да се смета дека сликата била влечена горе со рибарска јадица, но можно е крадците да влегле во галеријата од влезната врата и досега не е разјаснето дали функционирал застраениот аларм. Во 2016 година истрагата откри нови детали, како примероци на ДНК пронајдени на рамката, но од тогаш во јавноста не беше соопштено ништо друго.

Месец и половина по кражбата, директорот на галеријата бил информиран дека сликата е најдена на италијанско-француската граница. Пакетот во кој била пресретната бил адресиран на поранешниот италијански премиер Бетино Кракси, кој до крајот на животот ја избегнуваше затворската казна во татковината во егзил во Тунис. Меѓутоа, тој портрет се покажал лажен, очигледно со намера или да му се подметне на политичарот во бегство или самиот тој да биде измамен продавајќи му фалсификат од родната земја. Потоа последователно беа пронаоѓани и други примероци од портретот на Климт, кои по вештачењата беа прогласувани за фалсификати.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.