Случајот Онкологија е заради корумпираната власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ, со СДС и ДУИ народот ја загуби државата

Случајот Онкологија почна да се решава со влегувањето на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада. 6 месеци СДС и ДУИ молчат и не преземаат никакви активности во врска со криминалот на Онкологија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Некој заработувал пари на сметка на тешко болните од рак, и наместо терапија им давал физиолошки раствор, а СДС и ДУИ 6 месеци неможат да преземат акција.

Неактивноста на СДС и ДУИ 6 месеци покажа дека тие немаат ниту волја, ниту интерес да го санкционираат криминалот на Онкологија.

Случајот Онкологија немаше да биде возможен без корумпираноста на власта. Со СДС и ДУИ народот ја загуби државата.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи криминалот и корупцијата да го разјадуваат општеството. Никогаш не било полошо. Важно е да ги поразиме, подвлекуваат од партијата.