СЛУЧАЈОТ „ТАЛИР“ ПРЕД РАЗРЕШНИЦА – Политички притисок кон ВМРО-ДПМНЕ наместо правда

Политичкиот притисок кон неистомислениците и кон ВМРО-ДПМНЕ започна со самото стапување на оваа Влада на власт и преку т.н. СЈО со креирање на сомнителни предмети. Предметите во тоа време се формирале врз основа на политички обвинувања.

Дури и судовите потоа своите пресуди ги носат на база на политички флоскули, а не врз база на законски норми и одредби. Доказ за тоа е паѓањето на предметите на Апелационен суд.

Политичките случаи на СЈО неосновани

Случајот „Талир“ ја има истата судбина како и многуте случаи кои поради неосновани обвинувања паднаа. Во 2019-тата падна случајот „Тревник“ на СЈО, ослободителна пресуда доби Драган Павловиќ – Латас. Во 2021 година случајот „Тарифа“ кој го покрена згаснатото СЈО падна на Апелација, односно второстепениот суд ја укина првостепената пресуда и случајот го врати на повторно судење. Оваа година Апелациониот суд – Скопје ги уважи жалбите на обвинетите за „Tоплик – Сончев град“, ја укина првостепената пресуда и предметот го врати пред Основниот кривичен суд – Скопје на повторно постапување и одлучување.

Дека СЈО политички прогонувал под диктат на власта е и пресудата на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур кој пресуди дека поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески неправедно бил држен во притвор додека за него траеја судските спорови. Оваа одлука се однесува на судските случаи „27 април“ и „Шпански скали“.

„Талир“ пред разрешница

На 22.05.2017 година Специјaлното јавно обвинителство на својата прес конференција соопшти дека е отворена нова истрага со работен наслов „Талир“, и дека се однесува на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ. Имено, според СЈО постоело основано сомнение дека во периодот од 2009-та до 2015-тата година се злоупотребени 4,9 милиони евра. СЈО како резултат на истрагата, дури и побара и замрзнување на дел на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи ја и новата зграда на партијата. Во овој случај на СЈО биле осомничени 11 лица.

За случајот „Талир“, сослушани биле над 260 сведоци, испратени биле 230 барања до институции и анализирани биле 11.886 уплатници од физички лица до партијата. Пресудата Кривичниот суд ја донесе лани во јуни месец, судот ја донесе одлуката за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и уште 28 други објекти низ земјава.

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе и предлог до Апелациониот суд – Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд – Скопје за „Талир“. Од дописот до Апелација се заклучува дека судот воопшто не ги признава позитивните законски норми и не прави разлика помеѓу јавна услуга и јавна набавка. Вишото јавно обвинителство пред Апелациониот суд во Скопје побара укинување на пресудата за случајот кој се однесува на изградбата на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ.

Според обвинителот Јован Цветановски првостепената пресуда е нејасна и неразбирлива и случајот треба да се врати на повторно судење, но и да се земат во предвид измените на Кривичниот законик со кои ќе се утврди апсолутна застареност на кривичните дела што им се ставаат на товар на обвинетите.

 Судот погрешно се впуштил во оцена на несразмерноста на процентите, но заклучокот не го заснова на регулираната норма. Судот се вклучува во ценење на стопански и економски дејствија на пазарот со недвижности. Судот не прави разлика меѓу јавна набавка и јавна услуга. Предлагаме предметот да се врати на повторно судење, да се отстранат констатираните повреди. Да се земат предвид измените на КЗ за 353 и да се примени, со што настапува апсолутна застареност на делото, вели обвинителот.

Во јануари 2023 година настапила застареноста од склучувањето на договорот. На иста линија се и адвокатите кои ги образложуваат своите жалби пред апелациските судии.

 Јас мислам дека во конкретниот случај таква конфискација веќе не може да постои. Мислам дека не можеше никогаш да постои но сега уште повеќе. Не знам оваа пресуда дали треба да се укине или едноставно примена на новиот КЗ да доведе до тоа да се констатира апсолутна застареност на гонење“, изјави адвокатот Еленко Миланов.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.