Слушањето Хеви метал музика е добро за здравјето

Слушањето Хеви метал музика е добро за здравјето

Слушањето „екстремна музика“ како Хеви метал, делува благотворно и инспиративно, покажа новото истражување. Во документот објавен во научното списание „Frontiers in Human Neuroscience“, психолозите наведуваат дека слушањето гласна и хаотична музика не предизвикува гнев и агресивност, туку, напротив, смирува и инспирира.

Др.Зеневјев Дингл и Ли Шарман од Универзитетот во Квинсленд спроведоа истражување во кое учествувале 39 лица на возраст од 18-34 години кои редовно слушале „екстремна музика“.

Од нив било побарано 16 минути да разговараат за случувањата од сопствениот живот кој ги налутил, проследено со десет минути да се слуша песна по сопствен избор или седат во тишина.

– Резултатите покажаа дека степенот на непријателско расположение и стрес се намалува по слушањето музика, а најзначајна промена е нивото на инспирација што го почуствувале.