Службен весник нема да ги објавува указите на претседателот Иванов, зашто не го применува називот „Северна Македонија“

„Службен весник“ нема да ги објавува указите на Претседателот Ѓорѓе Иванов, затоа што старото име на државата веќе нема да се употребува, а шефот на државата кој не го менува називот од Претседател на Република Македонија во Претседател на Република Северна Македонија и на неговата официјална  интеренет страница сѐ уште ништо не е променето.

Владата, министерствата, владините агенции веќе се заведени во Централниот регистар со новите имиња кои во вторникот ги објави Владата поради уставните измени. На интеренет страницата на претседателот на Република Македонија сѐ уште ништо не е променето.

Само претседателотИванов не го испочитува рокот за промена на името на дигитални записи, логoа, меморандуми, електронски комуникации, веб-страници согласно договорот од Преспа. Претседателот Иванов, не го ратификуваше указот од Преспа, а во „Службен весник“ беше објавен со фуснота.

Освен веб-страниците, сите институции треба соодветно да ги изменат меморандумите, печатените материјали, папките и индикаторите .

Во „Службен весник“ минатата седмица беа објавени указите на Иванов за одликување, унапредување и поставување воени претставници во странство. Иванов потпиша указ и за поставување одбранбено аташе во Франција и воен претставник во НАТО во Брисел како претеставници на Република Македонија