Службеници од администрацијата на Трамп положија заклетва во Белата куќа

заклетва

Трамп им порача на службениците дека нивната работа ќе биде многу важна за земјата.

Ќе направам некои големи работи во следните осум години, истакна Трамп, очекувајќи дека ќе биде реизбран во 2020 година.

Меѓу службениците, кои положија заклетва, беа Рајнс Прибас, кој ќе биде шеф на претседателскиот кабинет, Келијан Конвеј, кој ќе биде постар советник, Стивен Банон, кој ќе ја извршува функцијата главен стратег и Шон Спајсер, портпарол на Белата куќа.