Службени кучиња на австриската војска синоќа го убиле одговорниот за нив

59

Службени кучиња на австриската војска синоќа го убиле одговорниот за нив во касарната во Винернојштад, близу Виена.

– Белгиски овчари, во сопственост на армијата, го нападнале 31-годишнот офицер и го усмртиле, соопшти полицијата.

Офицерот синоќа бил задолжен за чување и хранење на кучињата. Тој бил пронајден мртов при контрола на објектот каде што биле сместени службените кучиња.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.