Службеник на британскиот конзулат во Хонгконг е притворен во Шензен

67

На кинески службеник во британски конзултат во Хонгконг му се одредени 15 дена административен притвор во градот Шенжен, објави министерството за внатрешни работи во Пекинг во средата.

Портпаролот министерството за надворешни работи Генг Шуанг, изјави дека службеникот на конзулатот го прекршил кинескиот закон за јавна безбедност, но не дал поединост.

„Тој не е британски државјанин. Тој е Кинез, па ова е внатрешна работа на Кина“, додал Генг, истакнувајќи дека не станува збор за „дипломатско прашање“,

Британската дипломатија објави дека е „извонредно загрижена“ поради извештаите дека е притворен службеник во нејзиниот конзулат во Хонгонг.

Генг, одогвоарајќи на британското соопштение, го повика Лондон да престане да се меша во внатрешните прашања на Кина.

„Британија даде серија погрешни изјави за Хонгонг“, истакнал Генг повикувајќи ги британските власти да „престанат да го разгоруваат огнот“.

Службеникот на конзулатот е притврен во периодот на зголемените тензии меѓу Кина и Велика Британија поради протестите во Хонгконг, кој беше под британска колонизаторска управа до 1997 година кога се врати во матицата. Финасискиот центар на азиско-пацифичкиот регион е погоден од речиси двомесечните масовни протести против тамошната влада , а Пекинг ги обвинува Лондон и другите западни земји дека се мешаат во нејзините внатрешни прашања.

Кинеските медиуми објавија дека станува збор за Сајмон Ченг Мај-Кит, а весникот The Hong Kong Free Pres објави дека му се загубила трагата на 8-ми август, патувајќи од Хонгонг во Шензен. Ченг е жител на Хонгконги и студирал во Тајван и Велика Британија пред да се врати во азискиот мегалополис. Засега не е познато дали имал дипломатски пасош.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.