Службениот автомобил на министерката за труд и социјална политика удрил во „пасат“ – има повредени!

На 05.01.2024 во 17.28 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот Штип – Радовиш, во близина на с.Лакавица, штипско, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „шкода” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Влада на Република Северна Македонија, управувано од Г.А.(53) од Скопје, во кое се превезувала министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска и вработена во кабинетот Н.Д. од Скопје, и патничко возило „фолксваген пасат” со швајцарски национални ознаки, управувано од М.Ј.(48) од с.Мокриево, Општина Ново Село, со четири сопатници во возилото.

Во сообраќајната незгода со телесна повреда се здобил возачот на шкодата Г.А., констатирана од лекар од Итната медицинска помош Штип. Досега не се пријавени повреди од друго лице. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Штип и јавен обвинител.