Smart е првиот бренд кој преминува целосно на електричен погон

Произведувачот на автомобили „Daimler“ најави дека неговиот градски автомобил „Smart“ со новиот модел целосно ќе премине на електричен погон со што ќе стане првиот бренд кој целосно минал на батерискиот погон.

На франкфуртскиот саем на автомобилите кој се одржува од 11-ти до 21-ви септември минијатурниот градски автомобил ќе се појави со подобрен дизајн и намален распон на моторот. Тоа е поради тоа што моделот „Smart Fortwo“, кој постои во изведби на купе и кабриолет, како и „Smart Forfour“ ќе се појават исклучиво со електричен мотор од 60 коњски сили и досег од 159 километри.

Новата генерација на двата мали модела ќе се разликува од постарите според изменетите изгледи на фаровите и по новата решетка. Внатрешноста ќе биде модернизирана со новите инфроматичко-забавен систем со безжична интеграција со паметен телефон и со повеќе простор за багаж.

Старите мотори на внатрешно согорување ќе завршат во музеј, најавува произведувачот. Од „Daimler“ не објавија кога новите модели на „Smart“ ќе се појават на пазарот, ниту колку ќе чинат.