Смена на чело на Шин Фејн, Мери Лу Мекдоналд наместо Гери Адамс

Мери Лу Мекдоналд ќе го замени Гери Адамс на чело на Шин Ферјн, објави во саботата водството на партијата со што се привршува смената на генерации во оваа ирска партија којашто се обидува да стане дел од владите на двете страни од меѓуирската граница.

Гери Адамс, централната фигура на ирската политичка сцена речиси половина век, го најави своето заминување од челната позиција на поранешното политичко крило на Ирската републиканска армија (IRA) минатиот ноември, откако го водеше Шин Фејн речиси 30 години.

Мери Лу Мекдоналд, дипломирана на англиска книжевност на Тринити Колеџ во Даблин, е нов вид политичари во Шин Фејн, кои на оваа партија и носат „помек“ имиџ. Таа беше воедно единствената пратеничка на Шин Фејн којашто се понуди за лидерската позиција во партијата, пред вонредната партиска конвенција закажана за 10-ти февруари.

„За нас во Шин Фејн, во времињата коишто се пред нас, мораме да ја зајакнеме нашата партија, не само нашиот мандат, туку и капацитетите, мораме да се модернизираме, мораме да бидеме подготвени за нови дострели, за цели и задачи“, изјави Мекдоналд.

Истана дека цел на партијата ќе биде вклучување во владите и на северот и на југот од поделениот остров, за „неуморно да работат на остварувањето на конечната цел: обединувањето на Ирска“.

Ова левичарска партија од двете страни на меѓуирската граница ќе ги водат жени во 40-те години од животот, откако Мишел О’Нил го наследи Мартин Мекгининс како челничка во Северна Ирска, малку пред смртта на поранешниот командант на IRA ланскиот март. Шин Фејн учествува во поделбата на власта во Северна Ирска од 2007 година.