Сметководителите најавија протест, ова се нивните барања

Барањето на сметководителите за пролонгирање на роковите за доставување на даночните и финансиските извештаи доставено до Влада на РМ на ден 18/01/2021 година е изгубено низ бирократските лавиринти, исто како и реалната потреба и предлози  за  нов Закон за вршење сметководствени работи изминативе три години, информираат преку соопштение ГРУПА НА СМЕТКОВОДИТЕЛИ И ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ.

Во продолжение го пренесуваме нивното соопштение и документацијата:

Сметководителите кои се 10.000 во РМ, ја живеат ерата на легислативна хиперинфлација, со законските измени и постоечките одредби во услови на пандемија, коишто одредби во практицирањето ги извршуваат овластените сметководители. Сето тоа без некој да води сметка за притисокот кој го преживуваат за да одговорат на сите предизвици при имплементирањето на законските решенија. Наметнатите кратки рокови и недоречености во законските решенија, примена на истите на среден рок ќе се причинско последична врска за квалитетот на даночното односно финансиското известување, кое што известување е сигнификантно за даночната и економската политика на државата.

Ве известуваме дека приморани сме своите права да ги оствариме со организиран ПРОТЕСТ на 26/01/2021 година во 12 часот пред Влада на РМ. Искрено се надеваме на прием од страна на представници од Влада на РМ воедно и представници од сите институции задолжени за измените согласно барањата на сметководителите.