Смокви, сочно овошје полно со многу витамини и минерали

Смоквата често се нарекува медитеранско рајско овошје бидејќи е едно од најздравите овошја воопшто. Богата е со природни шеќери, минерали и влакна. Минералите кои преовладуваат во ова овошје се калиум, калциум, магнезиум, железо и бакар. Тие се многу богат извор на антиоксиданси, витамини А и К добри за општото здравје на телото.

Смоквите ја намалуваат надуеноста на желудникот и ја подобруваат работата на цревата, уништувајќи ги цревните паразити. Го подобруваат празнењето на цревата, ја намалуваат потребата од лаксативи, без да предизвикуваат зависност, цревни грчеви и диареjа.

Сувите смокви се идеално овошје за враќање на рамнотежата на притискот. Една сува смоква обезбедува 129 милиграми калиум и само два милиграми натриум и помага во спречување на хипертензија.

Високото ниво на антиоксиданси помага да се елиминираат слободните радикали, кои можат да ги оштетат крвните садови и да доведат до срцеви заболувања. Постојат некои истражувања кои сугерираат дека смоквите помагаат во намалување на нивото на триглицериди, што во голема мера влијаат на срцевите заболувања.

Тие се добри за дијабетес. Студија од 1998 година на 10 луѓе со дијабетес тип 1 покажала дека пиењето чај од лист од смоква пред појадок, ги намалува потребите за инсулин. За еден месец чајот од смокви може да ги намали дозите на инсулин за околу 12 проценти. Високата содржина на влакна е исто така добро за лицата со дијабетес.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.