Смолинг во Рим, ќе потпише за Рома

Англискиот дефанзивец Крис Смолинг пристигна во Рим за да потпише договор со Рома.

Оваа сезона, Смолинг не беше првиот избор на менаџерот на Манчестер Јунајтед, па така промената на средината за 29-годишниот играч беше неминовна, негова следна станица е Серија А.

Англискиот фудбалер доаѓа во римскиот клуб како едногодишна позајмица која ќе ја чини волчицата три милиони евра.

За Смолинг, ова ќе биде и прва авантура надвор од Англија, пред да дојде во Манчестер Јунајтед во 2010 година, тој на професионално ниво играше само за Фулам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.