Смрт на трка во Индикар: Загина Џастин Вилсон, поранешен Ф1 возач

123
Највисокиот возач во историјата на Ф1загина во Индикар

37-годишниот Британец, се здоби со сериозни повреди на главата по кои не можеше да се извлече, оставајќи зад себе сопруга и две малолетни деца. Ова е прва смрт во Индикар од загинувањето на Дан Велдон во 2011 година.

Вилсон при несреќата за жал доби директен удар во главата од еден од деловите од болидот, по што загуби контрола и удри во ѕид.

Вилсон во Формула 1 се натпреваруваше во 2003 година во екипите на Минарди и Јагуар, а со 197 сантиметри беше и највисокиот возач во историјата на Формула 1.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.