Смртна казна за осум лица повразани со тероризам

Иранскиот суд осуди осум луѓе на смртна казна поради поврзаност со нападите на Исламска држава минатата година. Тие се прогласени за виновни за помагање на петмина екстремисти од Исламска држава, кои го нападнале парламентот и светилиштето на иранскиот водач ајатолахот Рухолах Хомнеи.

Во тие напади во јуни минатата година, биле убиени 18 луѓе, а над 50 повредени. Иранските сили за безбедност тогаш ги усмртиле напаѓачите.

Поради вмешаност во нападите, 18 луѓе се најдоа на обвинителна клупа.