Смртни казни поради уривањето на зградата во Пјонгјанг

Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун наредил смртни казни за одговорните за изградбата на зградата која се урна во Пјонгјанг, пишува „Дејли Мејл“.

Над 500 лица загинале при уривањето на 23 катната зграда.

Четири градежни инженери се стрелани, а воен службеник задолжен за проектот е испратен во камп, изјави неименуван извор за весникот „Токио Шимбун“.

За уривањето на зградата објави севернокорејската официјална новинска агенција, што е невообичаено, нагласува весникот „Дејли мејл“.

Според јапонскиот весник, не е позната точна причина за уривање на зградите, но постои сомнеж дека станува збор за лоша конструкција бидејќи работниците и шефотите на градилиштата често крадат цемент и челик, што го продаваат на црниот пазар.

Се претпоставува дека во зградата, во моментот на несреќата живееле најмалку 92 лица.

Севернокорејската агенција не објави точен број на загинати или причина за несреќата, наведувајќи дека жителите на Пјонгјан се шокирани.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.