Смртни закани до премиерот на Црна Гора

Премиерот на Црна  Гора, Душко Марковиќ вчера добил смртни закани на владиниот Фејсбук профил, пренесува РТЦГ.

Заканите упатени се во коментар под објавата во која се наведува дека премиерот се потпишал во книгата на жалост по повод смртта на американскиот сенатор Џон Мекејн.

Од полицијата неофицијално е соопштено дека работат на идентификација и го процесираат лицето кое на Марковиќ му упатило закани.

Од тој профил на официјалниот профил на Влдата под фотографијата на Марковиќ пратена е закана дека премиерот „наскоро ќе дојде на смртна постела“.

Порталот ЦДМ пренесува дека Марковиќ добил закана по животот од страна на граѓанин со потекло од Црна Гора, кој живее во САД.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.