Смртни закани за Урибе и Бака на годишницата од убиството на Ескобар

Фудбалерите на Колумбија вчера по драмата со пеналите и поразот против Англија го заврши настапот на Светското првенство во Русија. Колумбиските трагичари по натпреварот беа Матеус Урибе и Карлос Бака, кои не погодија од белата точка.
Поточно, ударот на Урибе заврши во пречката, а тој на Бака го одбрани англискиот голман Џордан Пикфорд.
По поразот двајцата фудбалери на социјалните мрежи добија смртни закани.

“Мртви сте, подобро Ви е сами да се убиете“, „Умри Карлос Бака, к…н сине, не се враќај во земјава“, „Урибе, ти си обично г…о, се надевам дека ќе умреш” се само дел од пораките упатени на двајцата фудбалери.

Интересно е што колумбиските играчи смртните закани ги добија точно на 24-годишнината од смртта на Андрес Ескобар, фудбалерот кој беше убиен поради автоголот поради кој колумбиската репрезентација испадна од Светското првенство во 1994 година во САД. И тој доби голем број смртни закани по натпреварот.
Колку за потсетување, Ескобар беше стандарден во тимот предводен од Валдерама, Асприлја и Ринкон кој имаше големи амбиции на мундијалот. Токму со автоголот на мечот со САД Колумбија не се пласираше во нокаут фазата, а цехот го плати Ескобар, кој беше убиен во неговиот роден град Меделин. Додека убиецот испукувал шест куршуми во фудбалерот извикувал „гооолллл“ како спортските коментатори јасно укажувајќи која е приината за ликвидацијата.
Пред Колумбијците, и данскиот фудбалер Јоргенсен доби смртни закани поради промашениот пенал против хрватска.