Снаа нападната од золвата со дрвен предмет

Во средата во 14 часот и 20 минути 42-годишната Љ.И. од гостиварски Градец во СВР Тетово пријавила дека во нивниот заеднички двор од куќите, била физички нападната од нејзината золва Л.А. на 31 година, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Според пријавеното, Л.А. во нападот користела и дрвен предмет, кој подоцна е пронајден и одземен за вештачење.

Се расчистува и документира случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.