Снабдувањето со горива ќе биде намалено до средината на деценијата

Капацитетите за преработка на нафтата силно паднале од март од 2020 година до средината на оваа 2022 година а побарувачката се зголемила, што сигнализира на тесно снабдување со горива до средината на деценијата, покажува истражувањето на Меѓународниот енергетски форум (IEF) и „S&P Global“.

Рафинериските капацитети се намалени од март 2020 година до средината на годинава за рекордни 3,8 милиони барели дневно, додека побарувачката на нафта во истиот период е зголемена за 5,6 милиони барели дневно, се истакнува во извештајот објавен во вторникот.

До крајот следната година нето рафинериските капацитети би требало да порасната за околу два милиона барели дневно, иако тој рок би можел да биде и надминат, се додава.

„Тоа создава притисок дека сите расположливи рафинериски капацитети работат на висок степен на искористеноста за да се држи чекорот со побарувачката“, предупредуваат стручњаците.

Пазарите на нафтени деривати доживуваат со силни потреси од март 2020 година, кога беше прогласена пандемијата на коронавирусот. Пандемијата ја десеткувала побарувачката на глобално ниво и ги сотрела профитните маржи за потоа закрепнувањето и западните санкции против Русија поради војната во Украина нагло да го „истенчат“ снабдувањето, па профитните маржи на почетокот од годинава ги достигнале рекордните нивоа.

Рекордната добивка веројатно, сепак, нема да биде пренасочена на проширувањето на глобалните рафинериски капацитети, сметаат експертите, бидејќи енергетската транзицијата би можела да го одврати рафинериите од вложувања поради сопственоста којашто губи на вредноста или станува оптоварување пред истекот на нивниот работен век.

Намалените рафинериски капацитети временски се совпаднале со тесните глобални резерви од горивата и ограничените руски и кинески извози, се додава во извештајот.

Санкциите против и ембаргото на руската нафта исфрлија од пазарите речиси три милиона барели дневно руски деривати, коишто не може лесно да се заменат од други извори.

Кинескиот извоз деривати, пак, падна за 30 отсто во однос на нивото од претпандемиската 2019 година, имајќи предвид дека Пекинг како стратешки приоритет одреди снабдување на домашниот пазар.

Побарувачката, пак, би можело да ја намали остриот раст на продажбата плаг-ин на електричните возила, од минатогодишните 6,6 милиони на 35,7 милиони на крајот од оваа деценија, како што покажуваат прогнозите. Ова сценарио би значело пад на побарувачката на бензини и дизелот за четири милиони барели дневно.