Снајдер без размислување ја одбил понудата на Јунајтед

Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Турција, Галатасарај, Весли Снајдер откри дека за време на зимскиот преоден рок добил примамлива понуда од актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед, но и дека истата ја одбил без многу да размислува.

„Имаше неколку клубови кои сакаа да ме ангажираат за време на зимскиот преоден рок. Еден од нив беше и актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед. Јас веднаш ги информирав клупските челници на Манчестер дека не планирам да си заминам од Истанбул во јануари и дека нема да добијам дозвола за промена на клупската средина од челниците на Галатасарај. Во ниту еден момент не помислив дека ќе биде добро да направам промена на клупската средина во јануари. И челниците на Галата се задоволни од тоа што го прикажав во есенскиот дел од актуелната сезона. Имам незавршена работа во Турција, треба да освојам уште некој трофеј, да ја одбранам шампионската титула. Исто така не сме без шанса кога е во прашање Лигата на шампиони. Истанбул е мојот втор дом”, изјави одличниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.