Снајдер демантира дека ќе го облече дресот на Манчестер Јунајтед

Холандскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Турција, тимот на Галатасарај, Весли Снајдер ја демантираше последната шпекулација дека за време на зимскиот преоден рок ќе го реализира веќе најавениот трансфер во редовите на актуелниот шампион на Англија, Манчестер Јунајтед.

“Новинарите пред мене ќе дознаат доколку има некоја официјална понуда за моите услуги. Сепак, до овој момент, јас не сум добил никаква понуда и не е точно дека преговарам со Манчестер Јунајтед. За време на секој преоден рок има шпекулации околу мојата иднина, а така ќе биде и за време на зимскиот преоден рок. Со нетрпение го очекувам крајот на преодниот рок, тогаш луѓето нема да зборат за мојата иднина. Многу сум среќен во Истанбул, многу сум задоволен од соработката со моите тимски колеги, од односот кој го имам со фановите и не гледам ниту една причина поради која би си заминал од Истанбул”, изјави одличниот играч за врска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.