Снег на Попова Шапка и во Маврово

Почнува ски-сезоната на Попова Шапка

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози во западните и југозападните делови од државата, а во останатите делови коловозите се претежно суви.

Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка. Во Маврово врнежите се од дожд и снег, инфомрира Автомотосојузот на Македонија (АМСМ).

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, а на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Ка

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.