Снег во Австрија, речиси 10.000 домови без струја

Прв поголемиот снег падна во австриските Алпи и предизвика во средата прекин на електричната енергоја во 9.800 домови.

Снегот паѓал од дрвјата врз електричните водови во сојузните покраин Тирол, Салцбург, Штаерска и Корушка.

Неколку патни правци и железнички линии се затворени бидејќи се блокирани од урнати дрвја или постои ризик од лавина.

Почетокот на австриската зима ги ослободи од настава учениците во единаесет училишта во Корушка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.