Снегот ги запре камионите на повеќе патишта во Црна Гора

На повеќе патишта во Црна Гора, поради обилните снежни врнежи, во прекин е сообраќајот за камиони и шлепери, соопштила денеска црногорската полиција.

Управата на полицијата во земјата навела дека магистралниот пат Никшиќ-Шавник-Жабљак, поради снегот, е затворен за сообраќај за шлепери и други товарни моторни возила.

Сообрќајот за таа категорија возила е запрен и на патот Никшиќ-Плужина.