Сите основни и средни училишта во три области во северниот дел на Грција денеска се затворени поради лошите временски услови и снежното време. Одлуката за неработење на училиштата ја донеле локалните градоначалници, јави дописничката на МИА од Атина.
Градоначалниците на Лерин, Преспа и Гребен донесоа одлука основните и средните училишта да не работат денеска во нивните општини, со оглед на тоа дека градовите и селата се под снежна покривка.
Од истата причина, нема да работат ниту училиштата во две села во општина Кожани.
Извор: МИА