Снежната бура во Јапонија однесе 12 животи

Најмалку 12 лица загинаа, а 1.200 се повредени, додека стотина илјади домаќинства останаа без електрична енергија поради новата снежна бура која го погоди Тoкио и другите области од источниот дел на Јапонија, предизвикувајќи хаос во сообраќајот.

Во Токио наврнале 27 сантиметри снег и ова е најлошата снежна бура која ја погодила јапонската престолнина во последните 45 години.

Вкупно 338 летови на домашни и 12 меѓународни линии се откажани поради снегот.

Во градот Кавасаки, западно од Токио, во судир на два воза се повредени 19 патници, а околу 250 возила останале заробени на патот во областа Нагано.