Снежните бури во САД ја попречија испораката на вакцини

Поради снежните бури, екстремниот студ и прекинот во снабдувањето со електрична енергија затворија повеќе од 2.000 пунктови за вакцинација и ја пролонгираа испраката на шест милиони дози вакцини во сите 50 американски сојузни држави минатата недела, изјави високиот советник на Белата куча, Енди Салвит.

Тој истакна дека заостанатите дози вакцини против Ковид-19 ќе бидат испопрачани следната недела, а поголемиот број ќе бидат доставени во следните неколку дена.

– Времето предизвика пречки во целиот синџир на снабдување, посочи Славит.

Од 14 февруари големи делови од САД се зафатени од екстремно време.

Обилниот снег и рекордно ниските температури ги погодија Оклахома и Аркансас, а предизвикаа прекин во снабдувањето со електрична енергија ширум Тексас.

Пред невремето во просек се испорачуваче над 1,5 милиони дози вакцини дневно.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.