Снежно невреме во Техеран

Снегот почна да паѓа во раните утрински часови, а набрзо потоа се наруши сообраќајот во главниот град на Иран. Поради снежните наноси има отежнат сообраќај, нарушен е воздушниот сообраќај, а затворени се училишта. Летовите доцнат или се откажани. Обилниот снег во областа Техеран и северните провинции ќе продолжи да паѓа до утре.