Снежно невреме во Европа, најмалку шестмина загинати

Најмалку шест лица загинаа како последица на лошите временски услови во Германија, Австрија и Швајцарија, а властите во тие земји денеска предупредија на ризик од лавина на северните Алпи.

Германската полиција соопшти дека загинал 44-годишен маж во Вакерсбер, во Баварија, кога врз него паднале гранки од дрво натрупани со снег. Од невремето во Баварија загина и една жена.

Во Швајцарија една жена беше потрупана со снег, по што почина од здобиените повреди.

Во Австрија тројца скијачи загинаа во лавина на Алпите.

Поради ризик од лавина, патот и целото скијачко подрачје Хохкар се затворени.

Во австрискиот регион Штајермарк и во некои делови на германската покраина Баварија денеска се затворени училиштата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.